Раководството на шпанскиот шампион Барселона одлучи во летниот трансфер прозорец да не го продава Усман Дембеле.
Како што објавија тамошните медиуми, оваа одлука е донесена по одличното издание на Дембеле на Супер купот на кој играчот го постигна победничкиот гол и му го донесе трофејот на каталонскиот клуб.
Шпекулации за можно заминување на Дембеле од Барселона се појавија откако Каталонците го потпишаа Бразилецот Малком.