сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона се уште им должи пари на Валверде и Сетиен, за отказ на Куман ќе треба да платат 12 милиони евра

Барселона се уште им должи пари на Валверде и Сетиен, за отказ на Куман ќе треба да платат 12 милиони евра

Роналд Куман ќе биде на клупата на Барселона на дуелот против Атлетико Мадрид во сабота, но само прашање на време е кога ќе добие отказ, раководството на „каталонците“ е во потрага на нов тренер.

Иднината на Роналд Куман на Камп Ноу е под голем знак прашалник откако Барселона синоќа доживеа нов шок и пораз од 3-0 на гостувањето кај Бенфика во Лигата на шампиони.

Претседателот Жоан Лапорта до раните утрински часови имал состанок со потпретседателот Рафа Јусте, спортскиот директор Матеу Алемани и сосветникот Енрик Масип, но конечна одлука не е донесен.

Според пишувањата на Кватро, Холанѓанецот ќе биде на клупата на дуелот против Атлетико Мадрид во сабота, бордот на Барселона ќе одлучува за промена во понеделник.

Новинарот Фабрицио Романо пак пишува дека Барса е во потрага на нов тренер и планот е Роналд Куман да добие отказ. Целиот борд бил инволвиран во процесот и се разговара со неколку кандидати за наследник на Холанѓанецот.

Весникот Ел Паис вели дека одлуката да му врачат отказ на Роналд Куман ќе ги чини „каталонците“ околу 12 милиони евра, а новинарот Дермот Кориган потсетува дека Барса се уште им должи пари на Ернесто Валверде и Кике Сетиен.