недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона со емотивно видео се прости од „Камп Ноу“

Барселона со емотивно видео се прости од „Камп Ноу“

Барселона се прости од својот стадион Камп Ноу. По 65 години, дојде време да се реновира познатиот стадион и на истото место ќе се гради „Новиот Камп Ноу“.

Вечерва Барселона го одигра последниот првенствен натпревар на стадионот „Камп Ноу“ против Мајорка. По оваа сезона ќе започне и неговото реновирање кое треба да трае во наредните три години.

Во тој период, каталонскиот гигант своите домашни натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион, попознат како Монжуик. Капацитетот на овој стадион е речиси 56.000 седишта.

Новиот Камп Ноу треба да биде завршен во 2026 година. Веќе е познато како ќе изгледа и наскоро ќе почне да се работи на проектот кој го доби името Еспаи Барса.

Капацитетот на новиот стадион дополнително ќе се зголемува. Натпреварите ќе можат да ги следат 105.000 гледачи, а вкупниот проект чини близу две милијарди евра.

Барса секако се прости од сегашниот стадион со емотивно видео. Во него тие ја поминаа целосната историја на овој објект, која започна во 1957 година.

 

https://twitter.com/i/status/1662897344705077250