среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона со победа ја почна ерата без Меси (ВИДЕО)

Барселона со победа ја почна ерата без Меси (ВИДЕО)

Барселона со 4-2 го победи Реал Сосиедад во првиот официјален натпревар по заминувањето на Лионел Меси.

Барселона ги освои трите бода од првото коло во Ла Лига, го победија Реал Сосиедад на Камп Ноу со 4-2, тоа беше првиот официјален меч без Лео Меси.

Резултатот беше отворен во 19. минута кога по нафрлување на Депај, Пике погоди со глава за водство од 1-0.

Во судиското продолжение од првото полувреме, Брајтвајт зголеми на 2-0, а истиот играч во 59. минута погоди и за 3-0.

Кога се чинеше дека Барса лесно ќе ја завери победата, Реал Сосиедад за три минути постигна два гола и се врати, Лобете во 82. погоди за 3-1, а во 85. минута Ојарзабал реализираше за 3-2.

Сепак во 91. минута по асистенција на Брајтвајт, Серхи Роберто погоди за конечни 4-2.

Претходно Атлетико Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај Селта, двата гола беа дело на Кореа.