Френки де Јонг очигледно не планира да си заиме од барселона ова лето, иако клубот на сите начини се обидува да го „избрка“. Претседателот на тимот, Жоан Лапорта прифатил 68 милиони евра обештетување од Манчестер јунајтед за играчот, но Холанѓанецот го одбил трансферот.
Според „АС“, челниците на клубот побарале од Де Јонг да ја намали својата плата за дури 50 отсто ако сака да остане. Барселона летово доведе играчи како Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси и Андреас Кристенсен, а од Де Јонг бара да жртвува половина од својата плата.
Очигледно клубот има за цел да му ја намали платата или преку ваквов ултиматум да го натера Холанѓанецот да си оди во друг клуб.