среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона тргнува по напаѓачот на Манчестер Јунајтед

Барселона тргнува по напаѓачот на Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани би можел да ја продолжи кариерата во Примера.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона е заинтересирана за 34-годишниот фудбалер кој не е во преден план на „Олд Трафорд“.

Истиот извор наведува дека ангажирањето на уругвајскиот репрезентативец е приоритетна опција за клубот од стадионот Камп Ноу во јануарскиот преоден рок.

Барселона пред евентуалниот трансфер сака да ја провери физичката состојба на искусниот напаѓач и доколку се биде во ред ќе испрати понуда до Манчестер Јунајтед.

Кавани дојде во англискиот клуб во октомври 2020 година како слободен играч, а неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Уругваецот оваа сезона постигна еден гол на пет натпревари.

Каталонците останаа без овогодинешното засилување од Манчестер Сити, Серхио Агуеро, кој во среда на прес-конференција ќе го потврди повлекувањето поради проблеми со срцето.