вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона уште не може да го регистрира Гави

Барселона уште не може да го регистрира Гави

Иако е еден од постојаните првотимци и голема надеж на каталонскиот клуб, Барселона уште не може да го регистрира Гави како играч на првиот тим во Ла лига, но сепак, тој ќе може да продолжи да игра во тимот, само не со неговиот посакуван број 6 на грбот.

Тој во септември потпиша шестгодишен договор со откупна клаузула од 1 милијарда евра, што беше негов втор професионален договор, по тој во 2020, кој го потпиша на 16 години, а планот беше и да го носи бројот на Чави Ернандез, „шестката“, заменувајќи го бројот 30.

Но, според „Марка“, Барселона, поради сите финансиски проблеми уште не може да го регистрира како играч на првиот тим, и покрај заминувањата на Жерард Пике и Мемфис Депај, бидејќи немаат генерирано доволно заштеда за следната сезона.

Ова значи дека Гави ќе може да продолжи да игра според договорот од 2020 година, барем до летото, и ќе мора да го носи бројот 30.

Според „Марка“, Барселона исто така не може да ги регистрира и новиот договор на Роналд Араухо.