Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, изјави дека до крајот на преодниот рок има уште 20 дена и дека во клубот може да пристигнат нови засилувања.
Неодамна Барселона до Манчестер јунајтед за фудбалерот Пол Погба испрати понуда од 50 милиони евра, како и правата за фудбалерите Јери Мина и Андре Гомеш, но раководството на англискиот клуб го одби предлогот.
-Погба? Не би спомнувал никакви имиња, бидејќи ги почитуваме другите клубови. Сепак до крајот на преодниот рок остануваат уште 20 дена. Ќе видиме дали уште некој ќе му се придружи на тимот. Имаме уште време да ја завршиме работата, истакна Бартомеу.
Барселона со победа од 2:1 против Севиља ја почна новата сезона и по 13-ти пат го освои Супер купот на Шпанија.