Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу уште еднаш изрази уверување дека големата sвезда на Каталонците Лионел Меси ќе ја заврши кариерата на „Камп Ноу“. Според него, ова ќе се случи во наредните 3-4 години. Во последните неколку месеци, Аргентинецот веќе неколку пати јавно изрази незадоволство од некои чекори преземени од раководството. И ова веднаш предизвика шпекулации за неговото заминување.
Тековниот договор на Меси е до летото 2021 година, но минатиот месец Бартомеу објави дека се очекува повторно да се потпише многу брзо.
– Не сум само јас што го тврдам тоа. Самиот Меси исто така неколкупати најави дека сака да стави крај на својата професионална кариера во Барселона и ова е единствениот клуб за него. Не се сомневам дека кога ќе ја заврши кариерата – за 3-4 години, тоа ќе биде во Барселона. Меси беше сосема јасен. Тој е овде уште од дете. Тој знае како е да се носат овие бои и да бидат дел од историјата на клубот, изјави Бартомеу за „БеИН Спортс“. (MИА)