Тајландските момчиња спасени од пештерата на северот од земјата се вратија денеска на училиште, објавија локалните власти.
Во училиштето Мае Саи Праситсарт, во покраината Чианг Раи, приредено е топло добредојде за 12-те момчиња спасени од поплавената пештера, во акција која со страв ја следеше целиот свет.
Беа облечени во училишни униформи, а од претставникот на германскиот фудбалски клуб Баерн добија и клупски дресови.
По успешното спасување од подземниот лавиринт во кој беа заробени две недели, малечките фудбалери на возраст од 11 до 16 години, недела дена се опоравуваа во локалната болница и недела дена дома.
Сите деца, со исклучок на 14-годишниот Адул Сама кој е христијанин, поминаа 9 дена во будистички манастир во знак на благодарност за спасувањето.
Нивниот тренер, 25-годишниот Екапол Чатавонг, ќе остане во манастирот уште 3 месеци.