Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, ќе биде аут од игра најмалку 15 дена. Клубот објави дека играчот има повреда на мускулот на левата нога, која ја добил за време на дуелото од Светското клупско првенство.
Бејл ќе ги пропушти натпреварите со Реал Сосиедад (6-ти јануари), Бетис (13-ти јануари), и двата меча за Кралскиот куп против Леганес (9-ти и 16-ти јануари).
Тој се очекува да биде подготвен за натпреварот со Севиља на 19 јануари на „Бернабеу“.