Македонскиот репрезентативец, Егзон Бејтулаи не се најде на списокот на играчи на кои смета селекторот Благоја Милевски за престојните три натпревари од мундијалските квалификации во Септември.
Новиот предводник на А тимот, Милевски ја облразложи неговата одлука на денешната прес конференција.
„Бејтулаи е на поширокиот список на потенцијални репрезентативци, но не сум задоволен од неговата моментална форма, ги следев сите натпревари на Шкендија и мислам дека на таа позиција каде што го планирам Егзон, Ристовски и Тодоровски се во моментов во подобра форма. Тоа се однесува и за Влатко Стојановски, јас не се откажувам од било кој, што не значи дека ако не се планирани за овој собир, дека ќе ги нема и во октовмри, но од нив зависи.“ – вели Милевски.