Бенфика со 2-0 го победи Порто во хаотичен натпревар со 12 жолти картони и два црвени, Анхел Ди Марија постигна гол на овој меч.
Бенфика го освои трофејот од Суперкупот на Португалија откако со 2-0 славеше над ривалот Порто.
Повратникот во Бенфика, нивната најголема ѕвезда, Анхел Ди Марија го отвори резултатот со гол во 61. минута. Седум минути подоцна погоди и Муса за конечни 2-0.
На натпреварот беа покажани дури 12 жолти картони. Седум за Бенфика и пет за Порто.
Во 91. минута Пепе беше исклучен поради намерен и сосема беспотребен старт.
Шлагот на тортата се случи пред самиот крај кога тренерот на Порто Консеисао беше исклучен, но не сакаше да излезе, па со полиција требаше да го изнесуваат од теренот.
🎥 O primeiro 𝗚𝗢𝗟𝗢 da noite, por 𝑫𝒊 𝑴𝒂𝒈𝒊𝒂! 🪄#SLBFCP #Supertaça pic.twitter.com/gKz7uZHgcM
— SL Benfica (@SLBenfica) August 9, 2023
🎥 Musa fechou as contas do marcador assim! 😎#SLBFCP #Supertaça pic.twitter.com/mn9ooOwjXS
— SL Benfica (@SLBenfica) August 9, 2023
E o Pepe que depois que foi expulso ficou mostrando a camisa do Porto para os torcedores do Benfica.
Surtado kk pic.twitter.com/RVTC3kNg3C— Lewi Montenegro (@blasttoizze) August 9, 2023