сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бензема дебитираше со гол за Ал Итихад

Бензема дебитираше со гол за Ал Итихад

Францускиот напаѓач Карим Бензема дебитираше за саудискиот клуб Ал Итихад, запишувајќи гол и асистенција во синоќешниот триумф од 2-1 над туниски Есперанца во рамки на 1. коло од групата Ц на Арапскиот клупски куп на шампиони.

Тунижаните поведоа во 26 минута со голот на Усама Бугера, по што израмни Абдзерак Хамдала во 36 минута на асистенција на Бензема, а поранешниот напаѓач на Реал Мадрид му донесе победа на својот нов клуб со гол во 55 минута.

Францускиот напаѓач неодамна потпиша тригодишен договор со саудискиот клуб, вреден 100 милиони долари по сезона.

На 30. издание на Арапскиот клупски куп на шампиони во Ријад учествуваат 16 екипи кои се борат за награден фонд од 10 милиони долари.