недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Берлин ќе биде домаќин на финалето на ЕП 2024

Берлин ќе биде домаќин на финалето на ЕП 2024

Европската фудбалска унија (УЕФА) наредната недела ќе го открие името на градот каде што ќе се одигра финалето на Европското првенство 2024.

Извршниот комитет ќе ја соопшти конечната одлука во вторник. „Олимпискиот стадион“ во Берлин беше местото каде се одигра мечот за титула на Светското првенство 2006.

Така се очекува да биде и за две години, кога ќе биде познат новиот владетел на стариот континент. ЕП ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Франкфурт, Келн, Дортмунд, Гелзенкирхен, Дизелдорф, Лајпциг, Штутгарт, Минхен и Берлин. Актуелен бранител на европската круна е селекцијата на Италија.