Шпанскиот фудбалски гигант Барселона ги договори сите услови со португалскиот фудбалер од средниот ред Бернардо Силва.
Станува збор за играч во кого Чави гледа идеален кандидат за главен организатор на играта на Барса, воедно и фудбалер крај кого младите Педри и Гави би можеле уште повеќе да напредуваа.
Според последните информации, Сити е подготвен да прифати 80 милиони евра, но за да може да ги исполни своите обврски во трансферот на Силва, Барселона најпрво мора да го продаде Френки Де Јонг.