понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бернд Лено нов голман на Фулам

Бернд Лено нов голман на Фулам

Повремениот германски фудбалски репрезентативец Бернд Лено ќе биде нов голман на премиерлигашот Фулам, јавија денеска британските медиуми.

Лено ќе му се приклучи на Фулам веднаш откако лондонскиот клуб ќе се договори со градскиот ривал Арсенал околу висината на обесштетувањето.

Арсенал е подготвен да му дозволи трансфер на германскиот голман за сума од 12 милиони евра.

Лено е член на Арсенал од 2018 година по трансфер вреден 25 милиони од Баер Леверкузен.

Претходната сезона одигра само осум натпревари за „топчиите“, чии прв избор на голманската позиција е Арон Ремздејл.