Турскиот клуб Бешикташ на својот официјален Твитер профил објави фотографија од Лорис Кариус и го повикува да дојде како ново засилување во Истанбул.
Голманот по неколку лоши настапи на важни натпревари минатата сезона го загуби своето место во Ливерпул.
Меѓутоа, Бешикташ посакува Кариус да дојде на позајмица, особено откако турскиот клуб остана без својот прв голман Фабрисио Рамирез, кој замина во Фулам.
Според гласините во медиумите Кариус би можел да дојде во Турција на двегодишна позајмица, но засега ништо официјално не е потврдено.