Деле Али најверојатно го одигра својот последен меч за Бешикташ, откако турскиот клуб му дозволи да се врати во Велика Британија по мускулната повреда на десната нога.
Првите проценки велат дека тој ќе паузира најмалку 10 недели поради повредата, што значи дека нема да биде достапен за клубот до крајот на сезоната.
Али имаше кошмарна позајмица во Турција, каде што во 13 настапи имаше 2 гола, но последен пат беше во игра во февруари, а тренерот Шенол Ѓунеш воопшто не сметаше на него.
Поранешниот англиски репрезентативец има уште една сезона од договорот со Евертон, каде што пристигна како големо засилување од Тотенхем во јануари 2022.