Легендарниот аргентински тренер, Марсело Биелса е блиску до враќање во Премиерлигата, тој е во завршни преговори да го преземе Борнмут.
Новинарот Дејвид Орстејн од „Атлетик“ тврди дека Биелса е еден од најсериозните кандидати на Борнмут за нов тренер.
Деновиве клубот треба да добие нов сопственик, Бил Фоли кој сака да го постави Биелса за нов тренер.
Во текот на наредната недела ќе се знае дали ваквите најави ќе станат и реалност.