недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бил суспендиран, еднаш за малку претепан од фудбалери: На Хрватска и Русија ќе им суди еден од најскандалозните судии (ВИДЕО)

Бил суспендиран, еднаш за малку претепан од фудбалери: На Хрватска и Русија ќе им суди еден од најскандалозните судии (ВИДЕО)

Четвртфиналниот од Светското првенство меѓу Хрватска и Бразил ќе го суди 43 годишниот судија Сандро Меира Ричи. На стадионот во Сочи на Бразилецот помошници ќе му бидат сонародниците Ван Гасе и Де Карваљо, објави ФИФА.

Тој во групната фаза го судеше мечот меѓу Хрватска и Нигерија, меч на кој доби добра оцена, а тој го судеше и дербито меѓу Франција и Данска. Но таму немаше тешка задача, затоа што двете репрезентации во последното коло игра на реми, како не би си направиле проблем околу прогресот во следната фаза.

Додека Ричи на Мундијалот работи без никакви замерки, во Бразил е познат по големите грешки на натпреварите на великаните.

Пред две години го упропасти дербито на Рио де Жанеиро меѓу Флуминенсе и Фламенго, тој во ова дерби кое е едно од најголемите градски дербија на светот го уништи првиот од споменатите тимови.

Играчите на Флуминенсе никако не можат да му простат што на крајот на натпреварот им поништи регуларен гол за 2:2 во последниот натпревар од првенството.

Откако Флуминенсе го даде голот, следеше прекин од 15 минути. Ричи за тоа време доби информација дека снимките покажуваат дека голот не е регуларен, па го поништи.

На тоа играчите на бразилскиот тим полудеа и за малку не го претепаа Ричи, кого сојузот го суспендира на два месеци.

Не е ова единствен случај во кој Ричи по неговите одлуки морала да го чува полицијата. Во 2010 година после поразот кај Коринтијанс тој беше опкружен од фудбалерите на Крузеиро.