петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Билиќ нема да се спаси од отказ во ВБА и покрај ремито со Сити

Билиќ нема да се спаси од отказ во ВБА и покрај ремито со Сити

Вест Бромвич Албион ќе го отпушти хрватскиот фудбалски стручњак Славен Билиќ и покрај нерешениот резултат 1:1 синоќа на гостувањето кај Манчестер сити во 13. коло од англискиот шампионат, објави „Дејли мејл“.

Тренерот ќе биде заменет со поранешниот селектор на Англија, Сем Алардајс.

Официјалното соопштение за тренерската смена во ВБА се очекува да биде објавено во текот на денот.

По 13 кола, Вест Бромвич го зазема претпоследното место во поредокот во Премиер лигата со седум бода.