Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов и официјално е претставен како нов играч на ФЦСБ (Стеауа).
Романскиот великан ја потврди соработката со македонскиот репрезентативец којшто беше слободен агент откако му истече договорот со Шериф Тираспол.
Договорот е со времетраење до крајот на оваа сезона, а доколку и двете страни бидат задоволни од соработката, тогаш ќе следува продолжување на истиот.