четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бобан Николов: Иако Романија фаворит, се надеваме на добар резултат

Бобан Николов: Иако Романија фаворит, се надеваме на добар резултат

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов е играчот кој многу добро е запознаен со романскиот фудбал, бидејќи неколку сезони беше дел од првенството на оваа земја.

Нашиот репрезентативец вели лично познава неколку романски фудбалери, а со некои од нив бил и цимер и ја делеле собата, но сега ќе бидат ривали и очекува тој да биде како победник на крајот.

„Романија е фаворит и секако ако освоиме бод, тоа нема да биде лош резултат за нас, но секако дека се надеваме на подобар резултат. Мило ми е што се враќам во Романија, каде има многу мои поранешни соиграчи, со кои утре ќе бидеме ривали на теренот“, вели Николов, кој додаде дека е добро што Македонија ќе игра на стадионот во Букурешт и тоа на само три месеци пред стартот на Европското првенство.