вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Бобан Николов потпиша за Шериф Тирасол

Бобан Николов потпиша за Шериф Тирасол

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, ќе биде нов член на молдавскиот шампион Шериф.

Николов една сезона настапуваше во италијанскиот второлигаш Лече, а сега се сели во Молдавија, каде има големи шанси да биде дел и од групната фаза на Лигата на шампионите.

Шериф го победи Динамо Загреб со 3:0 на првата средба од плејофот и доколку излезе со позитивен резултат од двомечот, ќе настапува во групната фаза на најелитното европско натпреварување.

Николов ја започна интернационалната кариера во романскиот тим Вицорул Констанца, се врати во Македонија како член на Вардар, за подоцна да настапува за унгарски Фехервар и Лече.

За нашиот репрезентативец кој настапуваше и на Европското првенство се интересираа повеќе клубови, но решил да ја прифати понудата на Шериф Тираспол, кој денес го потврди трансферот.