понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бобан Николов : За него треба да се направи статуа !!!

Бобан Николов : За него треба да се направи статуа !!!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов на почетокот на оваа година стана уште еден македонски фудбалер кој настапува во Италија, откако потпиша за второлигашот во Серија Б, Лече.

Во интервју за романски „Телеком Спорт“, низа пофални зборови упати за капитенот на македонската репрезентација и моментално еден од најдборите фубдалери на Џенова Горан Пандев.

Изјави дека уште кога имал 20 години, Пандев го земал под свое во националниот тим на Македонија, порачувајќи дека легендата на македонскиот фудбал заслужува големи почести.

„За него треба да се направи статуа, не знам дали некој друг наш играч ќе направи успех како него. Во минатите години секогаш кога зборувавме ми велеше дека би ги менувал клупските трофеи за успех со репрезентацијата. Сега и тоа му се исполни“- вели Николов.