четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Бојан Димоски претставен во руски Акрон Тољати

Бојан Димоски претставен во руски Акрон Тољати

Македонскиот фудбаслки репрезентативец Бојан Димоски беше претставен како нов фудбалер на руски Акрон Тољати.

Димоски во рускиот тим доаѓа од Брера Струмица во трансфер вреден 240.000 евра. Димоски кој беше фудбалер за врска, во последниве две години играше како лев бек и за Академија Пандев имаше три гола и 14 асистенции во 84 меча.

Тој е дел од македонската репрезентација која се подготвува за мечевите со Украина во петок и со Англија во понеделник.