Бока Јуниорс на неверојатно возбудлив начин ја освои шампионската титула во фудбалското првенство на Аргентина. Во драматична завршница во последното коло, „Ла Бонбоњера“ падна во екстаза, иако Бока Јуниорс одигра само 2:2 против Индепендиенте, а најголемата помош за титулата дојде од најголемиот ривал, Ривер Плата.
Бока на крајот заврши со 52 бодови, два повеќе од Расинг, кој во последното коло дома загуби од Ривер Плата со 1:2.
Пред последното коло Бока Јуниорс имаше еден бод повеќе од Расинг и со победа дома над Индепендиенте немаше да зависи од никого. Сепак, гостите први дадоа гол, а Бока до полувреме израмни на 1:1. На почетокот на вториот дел, Бока поведе со 2:1 и беше пред освојување на титулата, но во 82. минута гостите шокираа со втор погодок и израмнија на 2:2.
Во исто време, Расинг играше 1:1 против Ривер Плата, а во 89. минута беше досуден пенал за домаќините. Сепак, голманот на Ривер Плата успеа да го одбрани пеналот во 90 минута и остана 1:1. До крајот на натпреварот, Ривер Плата постигна и победнички погодок. Така, тие му помогнаа најомразениот ривал да се закити со шампионска титула