недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Боли глава: Пандев даде гол во стилот на мајсторите на фудбалската игра (ВИДЕО)

Боли глава: Пандев даде гол во стилот на мајсторите на фудбалската игра (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев го постигна првиот погодок во новата сезона во Серија А. Капитенот на нашиот најдобар национален тим го зголеми водството на Џенова против Кротоне на 2-0, објавува Спортмедиа.

Ова беше уште едно ремек дело на Гранде Пандев, откако се најде „еден на еден“ со противничкиот голман, мајсторски го лобуваше за голема радост во редовите на својот тим.

Ова е 95. погодок за капитенот на македонската репрезентација во неговата 17-та сезона. Пандев има уште многу што да понуди, а овој гол е најава за дуелот против Косово.

Нашиот најдобар фудбалер на овој меч ја има капитенската улога во Џенова.