Очигледна е желбата во редовите на Динамо Загреб за големи промени по неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите и непосакуваната елиминација од грчки АЕК.
Сето тоа донесе промена на тренерската позиција, отказ за Бишчан и именување на Сергеј Јакировиќ за нов тренер. А, со доаѓањето на Јакировиќ, Динамо веднаш тргна и во голема офанзива за освежување на играчките редови.
Како што пренесува „Спортске новости“, денеска од „Максимир“ е активирана акција за враќање на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми од Кина!
„Нема воопшто да биде тоа лесна задача, затоа што има многу непознаници и препреки, но во Динамо веруваат дека имаат аргументи и сили да го вратат Адеми во своите редови кој очигледно и тоа како му е потребен на тимот“ – пишува „Спортске новости“.
Динамо Загреб сака да го донесе и напаѓачот на Осијек, Рамон Миерез со понуда од три милиони евра.