четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бонучи го подвлече начинот со кој единствено ќе ја победат Шпанија за големото финале

Бонучи го подвлече начинот со кој единствено ќе ја победат Шпанија за големото финале

Дефанзивецот на репрезентацијата на Италија, Леонардо Бонучи, верува дека неговиот тим ќе се пласира во големото финале на ЕП.

Вечерва се среќаваат против селекцијата на Шпанија од 21 часот, во големата пресметка за уште поголемото финале.

„Во овој меч нема фаворити. Добро игравме инапредувавме за време на натпреварувањето, но се уште ништо не сме освоиме. Треба уште повеќе да напредуваме. Натпреварот против така силна репрезентација ќе биде мотив плус за нас“.

„Се сеќавам дека многумина ја критикуваа Шпанија, но Луис Енрике беше во право кога ја одбрани екипата. Првиот тим и цела екипа воопштено ја прават целосна екипата. Доколку против Шпанија одиграме како нашите последни 30 натпревари, сигурно ќе ја оствариме посакуваната цел и резултат“, порача Бонучи.

Втората двојка во полуфиналето е Англија – Данска, финалето се игра на 11-ти јуни на стадионот „Вембли“.