Италијанската фудбалска репрезентација избори финале на ЕУРО 2020 и ќе во големиот натпревар ќе се сретнат против Англија. Еден од најзаслужните за овој успех на Италија е дефанзивецот Леонардо Бонучи.
„Евентуална победа би бил важен чекор за италијанскиот фудбал. Тоа би било огромно задоволство за сите Италијанци. Не сакаме изговори, ние сме сконцентрирани на средбата и со нетрпение ја очекуваме. Само размислуваме за фудбал и како да се забавуваме, останатото не ни е важно. Не сме загрижени дека ќе играме против Англија на „Вембли”. Знаеме дека тие можат да ни создадат проблеми, мора да внимаваме на нивната брзина. Хари Кејн е меѓу најдобрите напаѓачи во светот, но ние веќе игравме против првокласни напаѓачи. Мотивирани сме затоа што не сакаме да примиме гол. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, иако повеќето навивачи ќе бидат за Англија. Ние сакаме да постигнеме историски успех со одлична игра“, вели Бонучи.