четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бонучи: Она арогантно зборче на Англија, она не мотивираше да го вратиме трофејот во Рим

Бонучи: Она арогантно зборче на Англија, она не мотивираше да го вратиме трофејот во Рим

Фудбалерот на Италија, Леонардо Бонучи, беше исклучително среќен по триумфот во финалето на ЕП против Англија.

Тој откри кој бил всушност клучниот фактор и сегмент кој ги мотивирал да истраат на патот кон славјето, посебно до трофејот.

„Верувавме уште од самиот старт дека може да го освоиме. Тоа се чувствуваше и во воздухот. Ова е остварување на еден сон, заслугите одат до тренерот и сите во екипата. Навивачите веруваа дека пехарот ќе остане во Лондон вечерта и го напуштија стадионот пред да биде доделен. Жал ми е, Италија уште еднаш ги научи на лекција“.

„Главната мотивација беше она што го слушавме со денови…. дека трофејот останува дома (во Англија), Its comming home, ете тоа не мотивираше да го освоиме трофејот и да го вратиме во Италија. Жал ми е за нив, но пехарот оди во Рим“, порача Бонучи.

Ова е втор пехар за Италија на Европските натпреварувања, додека Англија ќе чека некои подобри времиња.