четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бонучи со голот во финалето на ЕП сруши рекорд стар 45 години

Бонучи со голот во финалето на ЕП сруши рекорд стар 45 години

Фудбалската репрезентација на Италија „некако“ ги преживеа 90-те минути во финалето на Европското првенство на Вембли, бидејќи во 67-та минута анулираше со предност на Англичаните и го одведе мечот да се игра на продолженија.

Лук Шо во втората минута го даде најбрзиот гол во финалето на ЕП, а стрелец на голот за Азурите беше искусниот Леонардо Бонучи по серијата на неуспешни обиди од казнениот простор.

Бонучи истовремено влезе и во историјата на финалиња на ЕП, бидејќи стана најстар играч кој ја погоди мрежата во мечот за титулата. Асот на Јувентус има 34 години и 71 ден и го сруши рекордот стар 45 години кој беше во рацете на Германецот Бернд Хелценбајн од 1976-та година кој тогаш имал 30 години и 103 дена.