недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ботев Враца не може да го задржи Дориан Бабунски со 2.000 евра плата, Рапид Виена нуди десетпати повеќе

Ботев Враца не може да го задржи Дориан Бабунски со 2.000 евра плата, Рапид Виена нуди десетпати повеќе

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски е пред заминување од бугарскиот прволигаш Ботев Враца. По одличната полусезона во шампионатот на Бугарија, за него пристигна одлична понуда од Рапид Виена. Личните услови за напаѓачот се далеку позадоволителни од платата што досега ја заработуваше во Ботев Враца.

Според бугарските медиуми, Рапид Виена му нуди плата од 20.000 евра, а досега Дориан Бабунски го носеше дресот на Ботев Враца за 2.000 евра месечен приход.

Отштетната клаузула во неговиот договор изнесува 100.000 евра и најверојатно тоа нема да биде проблем за австрискиот клуб. Кога Рапид Виена ќе го плати обештетувањето, веќе и нема да постојат пречки за тој да се пресели во Австрија.