Двоецот на унгарскиот прволигаш Дебрецин, Давид и Дориан Бабунски добија повик од селекторот Благоја Милевски за престојниот бараж против Италија за место на Светското првенство во Катар.
Пред некое време браќања порачаа дека сонуваат заедно да играа за Македонија и дека би било неверојатно заедно да настапат на големот натпреварување за нашаат земја, па сега ќе имаат можност тоа и да го остварат.
Давид и Дориан се првотимци и играат постојано во дресот на Дебрецин, па таа своја добра форма можат да ја пренесат во националниот тим.
Баражот со Италија е закажан за 24 март на „Ренцо Барбера“ во Палермо, а ако ја минеме оваа пречка тогаш во финалето на оваа фаза ќе се соочиме со подобриот од Португалија-Турција.