Откако вториот голман на Хајдук, Данте Штипица замина на ЦСКА Софија остана празно место на позицијата голман на еден од најголемите клубови во регионот.
Популарните „Били“ покажаа интерес за Горан Карачиќ, кој е 21 годишен голман од германскиот тим Сандхаузен, каде е на позајмица од турски Аданапор. Тој беше најдобар голман во првенството во БиХ кога како дебитант и прв чувар на мрежата на Зрињски ја освои титулата, а имаше и 17 натпревари без примен гол.
Клубовите се уште не со договориле, затоа што првата понуда на Хајдук не ги задоволила бањата на турскиот клуб.
Горан инаку е брат на ракометната ѕвезда на Вардар, Игор Карачиќ, кој е и хрватски репрезентативец, а исто така и другиот нивни брат е во спортот, а тоа Иван кој исто како и Игор игра ракомет, а настапува за репрезентацијата на БиХ.
Хајдук во Карачиќ гледа решавање на голманските проблеми, затоа што покрај Штипица клубот го напушти и третиот голман Иво Грбиќ, а првиот голман и голем талент на хрватскиот фудбал, Карло Летица, цело време се поврзува со заминување во некое многу посилно првенство.