Јужноамериканското дерби меѓу Бразил и Аргентина беше прекинато веднаш по почетокот, што беше големо разочарување за фудбалските фанови ширум светот, а истовремено донесе и нова тензија меѓу големите ривали.
Здравствените власти проценија дека на ваков начин треба да елиминираат четворица аргентински фудбалери кои ги прекршиле бразилските протоколи, па потоа средбата не ни продолжи, а ФИФА ќе треба да одреди кој ќе добие бодови.
Бразилците подоцна решиле да одиграат меѓусебен натпревар поделени во две групи, а токму на тој начин настана и интересна фотографија на која Алекс Сандро заработил удар во пределот на коленото.
Левиот бек на Јувентус на социјалните мрежи се пошегува со информацијата дека дури и без натпревар со Аргентина, заработил болен удар, покажувајќи на ногата која настрадала.