Бразилската фудбалска федерација соопшти дека Рамон Менезес ќе биде привремен селектор на А репрезентацијата до назначување на нов селектор.
Бразил после Светското првество остана без селектор откако Тите си поднесе оставка, а многу тренерски имиња се поврзуваат со кормилото на „криоките“.
Менезес ја водеше селекцијата на Бразил до 20 години до титулата шампион на Јужна Америка, а сега ќе ја предводи А селекцијата на пријателскиот меч со Мароко. Бразилците сакаат да доведат етаблирано тренерско име, а неколку европски тренери се поврзуваат со селекторското место.