петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бразилски Фламенго е најдобар во Јужна Америка

Бразилски Фламенго е најдобар во Јужна Америка

Фудбалерите на Фламенго се победници во Купот Либертадорес откако во синоќешното финале ги совладаа сонародниците од Атлетико Параиренсе (1-0) во меч одигран во Еквадор.

Решавачкиот погодок го постигна Габриел Барбоса  во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме, по што Бразилците умешно ја задржаа предноста до крајот.

Задачата им беше олеснета и со црвениот картон на противничкиот фудбалер Педро Енрике неколку минути пред популарниот Габигол да ја затресе мрежата.

За Фламенго ова е втора титула во ова натпреварување во последните четири сезони, откако триумфираа и во 2019 година, додека во двете години помеѓу во Јужна Америка владееше Палмеираш.