Македонската фудаблска репрезентација составена од играчи од домашното првенство загуби на пријателскиот меч во Абу Даби, кој за жал остана одбележан од катастрофално судење во самата завршница.
Саудиска Арабија постигна регуларен гол во 85-та минута, но потоа во 93-та минута следеа два скандалозни моменти, при кои судиите досудија во корист на арапската селекција.Македонија остана пократка за два очигледни пенали и црвен картон во иста акција, а фудбалерот на Шкупи Брдаровски жали што овој меч не се пренесувал, бидејќи цела јавност ќе можела да се увери во грабежот.
– Штета што не се уверивте какво судење имавме денеска од арапските судии. Незаслужен пораз, моите соиграчи ја одработија добро работата, одговоривме на сите барања од стручниот штаб. Бевме добро позиционирани и со транзиции ги загрозивме во неколку наврати.Тие постигнаа гол преку обична шанса, но не можам да не се надоврзам уште еднаш на тоа што судиите не ни досудија два или три пенали. Момците одиграа одличен меч, покажавме дека можеме да се носиме со селекција која игра на Светско првенство. Можеме да играме добар фудбал и се надевам дека репрезентацијата ќе продолжи да се развива како што треба, – изјави Брдародвски.