На „Вембли“ денес Брентфорд по пауза од цели 74 години се враќа во англиската фудбалска елита.
„Пчелите“ предводени од тренерот Томас Франк направија огромен подвиг во плеј-оф финалето на „Вембли“ и го победија Свонси со 2:0, победа која е и повеќе од заслужена со оглед на тоа како фуриозно влегоа во мечот.
Брентфорд имаше преголема желба да се врати во најсилното друштво по пауза од 74 години, а тоа го направи во голем стил, со постигнати два гола уште во раната фаза од финалето. Тони погоди од пенал во 10-та минута, 10 минути подоцна по една одлична контра Марконадес зголеми на 2:0, а стрелецот на првиот гол во следниот напад ја погоди гредата и за малку не погоди за 3:0.
Брентфорд е трет патник во Премиер лигата по Норич и Вотфорд.
„Пчелите“ после осум децении ќе бидат дел од најсилното фудбалско друштво, ова попладне освоија 180 милиони фунти за промоцијата во првата лига, а следната сезона ќе го имаат свое прво учество во Премиер лигата откако е преименувано ова натпреварување од 1992-ра година.