Продажбата на премиерлигашот Њукасл на престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, може да не се случи, пренесува „Телеграф“.
Шеснаесет члена на британскиот парламент се обратија до премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон. Тие се спротивставија на оваа зделка со конзорциум со учество на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија.
Политичарите го осудија Салман, потсетувајќи дека тој е обвинет за убиство на новинарот Џамал Хашкај во 2018 година. Тие, исто така, повикаа на запирање на употребата на Велика Британија како алатка за „перење репутација преку спортот“, велејќи дека договорот „испраќа погрешна порака“.