Португалската ѕвезда Бруно Фернандеш, кој ни го урна сонот за настап на Мундијалот завчера во Порто со двата гола за триумфот на Португалија против Македонија ги договорил сите детали за продолжување на соработката со англискиот великан Манчестер јунајтед и сега останува само да се потпишат документите.
Според англиските медиуми, Фернандеш ќе потпише договор до 2027 година и ќе добие џиновска плата со која ќе биде меѓу тројцата најплатени фудбалери на „црвените ѓаволи“. Кристијано Роналдо е убедливо најплатен, а веднаш зад него е Давид де Хеа, шпанскиот голман.
Фернандеш во Јунајтед дојде од Спортибх Лисабон во јануари 2020 година и тогаш потпиша пет ипол годишен договор, но сега ќе потпише нов за поголема плата, откако со неговите игри сите се задоволни на „Олд Трафорд“. Инаку уште во јули лани почнаа преговорите на Манчестер јунајтед со Фернандеш за новата соработка.