Фудбалерите на Барселона во новата сезона имаат нов спонзор на дресовите, а нема сомнеж дека нема да им се допадне на сите договорот меѓу Каталонците и музичкиот стрим гигант.
Искусниот стопер на Барселона имаше бурен развод со пејачката Шакира, која ги однесе нивните деца во Мајами, а претходните месеци нивната медиумска војна продолжува.
Дополнителна брутална шлаканица може да му приреди Шакира на Пике со новиот договор кој го подготвува. Медиумите пишуваат дека Пике би можел да го носи името на поранешната сопруга на својот дрес.
За појаснување, Каталонците во новата сезона потпишаа спонзорски договор со популарна компанија за стриминг на музика Спотифај, а во договорот стои дека компанијата може да го промени логото за да ги одбележи нејзините годишнини, односно да ги носи имињата или заштитните знаци на познатите пејачи на дресот.
Така, пред мечот со Реал Мадрид, на дресот на Барселона се појави заштитниот знак на познатиот пејач Дрејк. На овој начин стриминг компанијата одбележа 50 милиони стримови на популарниот музичар, а беше најавено дека практиката ќе продолжи и во наредниот период.
🦉 @Drake 💙❤
First artist to hit 50 billion @Spotify streams. First artist to share the @FCBarcelona shirt. pic.twitter.com/cBiHjge5FG— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 14, 2022