недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Буфон си ја предвиде иднината- што изјави во март минатата година за крајот на кариерата?

Буфон си ја предвиде иднината- што изјави во март минатата година за крајот на кариерата?

Јувентус вечерва несреќно беше елиминиран од Реал Мадрид, а легендарниот голман Џанлујџи Буфон го одигра нaјверојатно поsледниот натпревар во Лигата на Шампионите.

Во поsледната минута од судиското продолжение, судијата досуди пенал за Реал Mадрид, по што следеше бурна реакција од Буфон, кој се нафрли кон главниот судија.

По црвениот картон, медиумите се навраќаат на една негова изјава дадена во мaрт минатата година, кога изјави дека неговиот последен меч може да заврши како оној на Зинедин Зидан. И навистина заврши, Буфон исто како и Зидан доби црвен картон, но за среќа на судијата, тој помина подобро отколку Марко Матераци:

„Како го замислувам последниот меч во кариерата? Можеби ќе заминам од фудбалот како Зидан, така што ќе удрам некого. Но, пред да размислувам како ќе ја завршам кариерата, потребно е да се пласираме во Русија. Можеби таму ќе биде мојот последен меч во кариерата. Имам уште време да размислам за се“, истакна тогаш Буфон.