понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бугарскиот селектор задоволен од жрепката во Лигата на нации

Бугарскиот селектор задоволен од жрепката во Лигата на нации

Како „исклучително добра“ бугарскиот селектор Јасен Петков ја оцени жрепката во Нион која за противници на неговите фудбалери во Лигата на нации им ги донесе македонската, грузиската и репрезентацијата на Гибралтар.

Петков во изјава за официјалниот сајт на Бугарската фудбалска федерација истакна дека целта на неговиот состав ќе биде да го освои првото место во групата 4 во рамки на Ц-дивизијата.

– Мислам дека жрепката за нас е исклучителни добра, без притоа да потценуваме ниту еден од противниците, бидејќи не сме во таква позиција. Задоволни сме, целта ние е да го освоиме првото место. Имаме респект кон сите противници и ќе биде потребно максимално да се подготвиме, изјави Петков.

Поради Мундијалот 2022 во Катар, третото издание на Лигата на нации ќе се одигра во забрзано темпо, со четири кола во јуни и завршните две во септември.

-Ќе треба да одиграме четири натпревари во серија, и тоа за нас ќе биде предизвик, но ќе бидеме подготвени, додаде бугарскиот селектор.

Победниците во четирите групи во Ц-дивизијата ќе изборат промоција во Б-лигата за следната сезона, додека последно пласираните ќе играат бараж за опастанок.