понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бускетс: Има многу лажни информации

Бускетс: Има многу лажни информации

Серхио Бускетс долги години е незаменлив во почетната постава на Барселона и на шпанската репрезентација, но прашање е до кога тоа ќе биде така со оглед на тоа што има 34 години.

Медиумите на големо пишуваат дека оваа ќе биде последна за него во Барца и дека нова дестинација ќе биде МЛС лигата во тимот Интер Мајами.

Овие вест стигнаа и до Серхио кој проговори искрено и обелодени дека се уште нема донесено одлука.

-Не можам да кажам ништо на таа тема, бидејќи ништо не се случува и покрај сите тие гласини. Барем ништо официјално. Вистина е само дека ова е последната година од мојот договор со Барселона и дека сакам целосно да уживам во тоа. Јасно е дека веќе немам 20 години, но во последните денови се појавија многу лажни информации, -вели Бускетс кој и понатаму ужива да игра за националниот тим.

-Сè уште уживам да играм за репрезентацијата. Задоволство ми е, особено тоа што сум капитен ме исполнува со задоволство. Натпреварот со Швајцарија ќе биде многу тежок, досега многу пати сме играле еден против друг. Имаат одлични играчи. Ќе излеземе на терен за да победиме, но нема да биде лесно, -изјави фудбалерот.