петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бускетс потпиша за Интер Мајами

Бускетс потпиша за Интер Мајами

Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Бускетс (34) ќе ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, објави синоќа клубот од американската МЛС професионална лига.

Трансферот значи дека Бускетс повторно ќе игра во иста екипа заедно со Лионел Меси, со кого 13 години беа клупски колеги во Барселона, пред Аргентинецот да замине за Париз во 2021 година.

Бускетс настапуваше за Барселона од 2005 година и одигра 722 натпревари, освојувачки девет шпански титули и три трофеи во Лигата на шампиони.

Само Чави (767) и рекордерот Меси (778) имаат одиграно повеќе натпревари во дресот на Барселона.