Тимот на Хајдук за неколку дена го очекува големото дерби против Динамо, а неколку фудбалери на овој тим се најдоа во центар на скандал.
Составот од Сплит веќе неколку години игра далеку од вистинската форма, а оваа сезона се под сите очекувања. Хајдук претстојниот викенд го очекува тежок меч со оглед на тоа што игра дерби со Динамо, а навивачите очекуваат нивните миленици да остават срце на терен.
Меѓутоа неколку навивачи на Хајдук е најдоа во центар на скандал поради фотографии кои се појавија на интернет. На истите се гледа како играат покер и пијат алкохол.
На фотографијата се дефанзивците на овој тим кои жестоко беа критикувани поради своите игри, а тоа се Андрес Фомитчхов, Стипо Вучар и Стелиан Филип. Оваа фотографија предизвика жесток гнев кај Торцида.